Познат распоредот во разигрувањата, тронот на НБА го чека својот владетел

По победата на Детроит на гости кај Њујорк никс (89:115), се комплетираше костурот за разигрувањата во НБА-лигата. Познат е и целосниот распоред за првата рунда, а натпреварите стартуваат на 13 април.

Пистонс како осмопласирани од Истокот ќе се соочат со лидерот Милвоки бакс, Торонто ќе се соочи со Орландо, Филаделфија со Бруклин нетс, а интересна ќе биде серијата меѓу Бостон и Индијана.

На Западот веќе извесно време се знаеја патниците во најважниот дел од сезоната. Противници на актуелниот шампион Голден стејт ќе бидат ЛА клиперс, Денвер ќе се надигрува со Сан Антонио, Хјустон со Јута џез, додека првата рунда од Западната конференција ќе ја одбележи серијата меѓу Портланд и Оклахома.

Јасно е дека Вориорс се фаворити да ја одбранат титулата, а Хјустон и Денвер ќе се обидат да го спречат Голден стејт да не се пласира во ново финале, додека далеку понеизвесно ќе биде на Истокот, за титула конкурираат Милвоки, Бостон, Торонто и Филаделфија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести