9.8 C
Skopje
сабота, 6 декември 2025

Познат распоредот за СП: ако Македонија се пласира, во првото коло играме со Јужна Кореја

ФИФА вечерва го обелодени распоредот со датуми и сатници за натпреварите од Светското првенство следната година.

Доколку македонската репрезентација преку баражите со Данска и потоа Чешка или Република Ирска, се пласира на Мундијалот, во првата групна фаза би играла со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја.

Корејците се наш прв можен ривал. Македонија дебито на СП би го имала на 11-ти јуни вечерта против Кореја на стадионот во мексиканскиот град Гвадалахара. Во второто коло на 18-ти јуни би се сретнале со Јужна Африка во американскиот град Атланта, а третиот меч би бил на 25-ти јуни со Мексико на легендарната „Ацтека“ во Мексико сити.

- Оглас -

Најнови вести