Францускиот интернационалец Оливие Жиру се одлучи да го продолжи договорот со екипата на Милан за уште една сезона, односно до летото 2024 година. Неговиот договор истекуваше ова лето и не беше продолжен, а тоа предизвика шпекулации околу тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Се спомнуваа Манчестер јунајтед и Евертон, но сепак Милан реагираше навреме и успеа да го продолжи договорот со Французинот.
Според новиот договор, Жиру ќе заработи 3,5 милиони евра за една сезона. Во Милан пристигна во 2021 година, а претходно настапуваше за Челзи, Арсенал, Гренобл, Монпелје …
Искусниот напаѓач оваа сезона имаше проблеми со повредите, но успеа да собере 26 настапи, на кои постигна 8 погодоци, а имаше и 4 асистенции.