Познати се двојките за фајнлфор-турнирот од кошаркарската Евролига (Фото)

Откако екипите на Олимпијакос и Фенербахче ги добија мајсторките против Барселона и Монако на гостински терен, се комплетираа учесниците на завршниот турнирот од кошаркарската Евролига. Изненадувачки, Грција ќе има два преставника, Олимпијакос и Панатинаикос, а Шпанија и Турција по еден, Реал Мадрид и Фенербахче.

Фајнлфор-турнирот од Евролигата ќе се одржи од 24 до 26 мај во „Мерцедес-Бенц арената“ во Минхен, а бранителот на трофејот, Реал Мадрид, за противник ќе го има грчкиот Олимпијакос. Фенербахче и Панатинаикос ја сочинуваат втората полуфинална двојка.

Кошаркарите на Реал Мадрид минатата сезона не беа фаворити, но стигнаа до трофејот од Евролигата, но затоа оваа сезона се фаворит број еден за одбрана на титулата од најквалитетното европско клупско кошаркарско натпреварување.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1788318951899877792

- Оглас -

Најнови вести