Рано утрово беа извлечени групите за најсилното репрезентативно континентално натпреварување на Јужна Америка, Копа Америка. Бразил ќе биде домаќин на турнирот кој летоска треба да го даде новиот шампион на најфудбалскиот континент во светот.
Вкупно 12 селекции ќе се борат за трофејот, а ќе има три групи со по четири екипи. Катар и Јапонија се поканети како гости од друг континент, но ќе бидат дел од Копа Америка.
Група А: Бразил, Перу, Венецуела, Боливија.
Група Б: Аргентина, Колумбија, Парагвај, Катар.
Група Ц: Уругвај, Чиле, Јапонија, Еквадор.
Првенството ќе започне на 14-ти јуни, а ќе трае до седми јули. Финалето ќе се игра во Рио де Жанеиро, на популарната „Маракана“. Чиле е актуелен бранител на тронот, откако на турнирот, кој пред три години се играше во САД, успеа во финалето да се радува против Аргентина.