Италијанскиот фудбалер кој го носи дресот на Њукасл, Сандро Тонали до август нема да може да игра поради суспензијата што ја има откако беше потврдено дека се обложувал во Англија. Според наводите во англиските медиуми, Тонали се обложил на пет меча кои ги играл неговиот тим Њукасл и секогаш типот бил ист, а тоа е дека Чавките ќе победат.
Се работи за дуелите на Њукасл против Брајтон, Барнли, Брентфорд, Манчестер сити и Вест хем. Три пати погодил и тоа за триумфите над Барнли, Сити и Брентфорд, а на останатите два дуели погрешил.
Фудбалерот тврдеше дека не се сеќава колку точно пари вложувал, но тоа не биле суми поголеми од 10.000 евра.
Пред да добие суспензија од англиската федерација, Тонали беше казнет и од италијанската федерација за истата работа. Поради тоа, талентираниот играч за врска нема да може да настапи на Европското првенство кое летово ќе се игра во Германија, а на кое Италија ќе го брани тронот.