Познати стартните петорки за Олстар-натпреварот

Леброн Џејмс по 17-ти пат во кариерата ќе биде стартер на Олстар-натпреварот откако доби најмногу гласови од фановите (4.399.533), активните играчи во НБА и медиумите.

Овогодишното 70-то издание на Олстар-натпреварот ќе се одржи во Атланта на 7 март, во кое Кралот по 17-ти пат ќе биде меѓу најголемите ѕвезди, а повеќе пати од него настапиле само Карим Абдул-Џабар (19) и Коби Брајант (18).

Џејмс ќе биде капитен на петорката од Западот, во која се најдоа и Стеф Кари (Голден стејт), Лука Дончиќ (Далас), Кавај Ленард (Клиперс) и Никола Јокиќ (Денвер).

Втор по бројот на гласови беше Кевин Дурант, кој ќе биде капитен на тимот од Истокот, а покрај него, во петорката уште се Кајри Ирвинг (Бруклин), Бредли Бил (Вашингтон), Јанис Адетокумбо (Милвоки) и Џоел Ембид (Филаделфија).

На 23 февруари ќе се одредат резервите за двете екипи.

- Оглас -

Најнови вести