Познатиот малер уплатил 275 илјади долари за победа на Масвидал, и се разбира, загуби

Колби Ковингтон го победи Хорхе Масвидал во ММА борба која со нетрпение ја очекуваа љубителите на боречките спортови, поради ривалството на овие двајца борци кои порано беа најдобри пријатели, а сега не сакаат да се видат.

Немаше никаква неизвесност во борбата која се најавуваше како спектакл на УФЦ 272 настанот во Лас Вегас, Ковингтон беше доминантен, но не го нокаутираше ривалот, туку победи со едногласна одлука на судиите.

Канадскиот рапер Дрејк, кој е познат како мераклија за обложување на спортски настани, но и како голем малер особено за спортистите со кои се фотографира, загуби 275.000 долари. Тој уплати дека ќе победи Масвидал, па на борецот од Флорида изгледа уште пред борбата му беше пресудено дека ќе загуби.

- Оглас -

Најнови вести