Познатиот Матеја Кежман му е менаџер, има интересен прекар и за него Манчестер јунајтед и ПСЖ нудат богатство

Сергеј Милинковиќ-Савиќ е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот и се очекува да биде една од летните ѕвезди во следниот преоден рок, а за него Лацио бара отштета од 70 милиони евра.

Играчот чиј менаџер е познатиот поранешен фудбалски ас Матеја Кежман има понуди од Манчестер јунајтед и од Пари Сен Жермен, но не е исклучено за полуарниот СМС да има понуди и од уште неколку големи клубови.

„Не ни фалат понуди за Сергеј и за ова лето. Во моментов преговараме со Манчестер јунајтед и со ПСЖ. Сергеј се уште е фокусиран на Лацио и на финишот на сезоната во Италија, а секако дека има голема желба да игра во Англија за Манчестер јунајтед. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но очекувам сигурен трансфер“, изјави Кежман.

Милинковиќ-Савиќ со години е еден од најдобрите играчи во Калчото, а Лцио доби џек-пот во 2015 година кога го купи од белгиски Генк за 12 милиони евра.

Сега е највредниот фудбалски производ во клубот и според проценките вреди околу 70 милиони евра и за неги има голем интерес, иако е под договор со Лацио до 2024 година.

 

- Оглас -

Најнови вести