По 13 години поминати на „Сантијаго Бернабеу“ и освоени 28 трофеи, Лука Модриќ ќе си замине од Реал Мадрид на крајот од сезоната. Хрватот сакаше да остане уште една сезона во клубот, но претседателот на Реал, Флорентино Перес, одлучил дека е време 40-годишниот Модриќ да си замине.
Реал Мадрид утре на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го игра последниот меч сезонава и тоа ќе биде последен натпревар за Модриќ на легендарниот стадион во дресот на Кралскиот клуб.
Според шпанскиот весник „Релево“, откриено е како Модриќ добил „црвен картон“ од Перес. Легендарниот фудбалер имал директен состанок со претседателот на Реал, а Перес не прифатил Модриќ да остане дури и со намалена плата. Главната цел на Перес е парите кои ги давал на Модриќ, сега да ги потроши во инвестирање во млади фудбалери.
По завршување на последното коло во првенството, Реал Мадрид ќе замине на Светското клупско првенство, каде што Модриќ ќе биде во тимот затоа што потпиша едномесечен договор и таму Хрватот ќе има шанса да освои уште еден трофеј со Кралскиот клуб.