18.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Познато кој селектор ќе ја води Франција на Светското првенство во Катар

Дидие Дешамп само за три минути се договорил со раководството на француската фудбалска репрезентација да остане предводник на Триколорите до 2023 година, што значи дека тој ќе биде селектор на Галските петли и на Мундијалот во Катар во ноември и декември 2022, кога ќе ја бранат титулата од 2018 година.

Ова значи дека дефинитивно паѓаат во вода сите шпекулации дека Дешамп ќе си замине, а на негово место ќе дојде Зинедин Зидан. Популарниот Зизу има желба да биде селектор на Франција, но ќе мора да почека најмалку уште една и пол година.

Франција прерано испадна на ЕВРО 2020, очекувањата им беа да стигнат далеку, но овој кикс не беше доволна причина за разделба со Дешамп.

- Оглас -

Најнови вести