Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар, се повреди на мечот од Купот на Франција против Стразур и според најавите, ќе мора да паузира одреден период. Бразилецот речиси сигурно ќе го пропушти првиот меч против Манчестер јунајтед во осминафиналето на Лигата на шампионите, кој треба да се одигра на 12-ти февруари. Одредени најави се дека повредата може да е многу сериозна, па Нејмар да паузира и до два месеца, а ако мора да се направи операцијата, тоа би значело и крај на сезоната за него.
За оние кои го следат Нејмар, оваа повреда на Бразилецот воопшто не е изненадување. Најверојатно ова ќе биде петта сезона по ред во која Бразилецот нема да може да игра околу 11-ти март, денот кога неговата сестра го слави роденденот. Нејмар е многу близок со сестра му Рафаела, па дури има и огромна тетоважа на рамото од нејзиниот лик . Таа ќе наполни 23 години на 11-ти март.
Интересно е што Нејмар во последните пет сезони е надвор од фудбалските терени во перодот кога е роденденот на сестра му. Во сезоната 2014/15 и следната, Нејмар не можеше да игра поради суспензии. По тие две сезони, кога беше суспендиран, сега Нејмар трета сезона по ред се повредува во овој период.
Ако не е на теренот, фудбалерот никогаш не пропушти да биде дел од забавите за роденденот на сестра му. Најверојатно и оваа година ќе биде исто како и претходните четири.