Трката на 5000 метри на Олимпискиот стадион во Париз предизвика многу контроверзии, откако на Фејт Кипјегон од Кенија која заврши на второто место и беше поништен резултатот и одземен сребрениот медал.
Првичната одлука беше дека Кипјегон била виновна за инцидентот кој се случи за време на трката, кога таа и Гудаф Чегај од Етиопија имаа близок контакт. Всушност Кипјегон сакаше да ја претекне противничката, но всушност таа беше оттурната и не и беше дозволено да помине напред.
Here is the shove in question involving Faith Kipyegon and Gudaf Tsegay… pic.twitter.com/6C1qGijDh6
— Chris Chavez (@ChrisChavez) August 5, 2024
Откако судиите ја дисквалификуваа Кипјегон, Кенијката се жалеше и правдата беше задоволена. На Кипјегон и е вратен сребрениот медал, па Кенија има двоен триумф на оваа трка на кој златото го освои Беатрис Чебет.
Третопласираната Сифан Хасан која синоќа го доби сребрениот медал, уште веднаш по трката изјави дека би сакала на Кипјегон да и биде вратен резултатот и да освои медал.
„Секогаш постои драма кога се работи за Чегај. Минатата година и мене ме турна на една трка. Секогаш влече и турка. Се чувствувам лошо за Фејт. Немам ништо против ако нејзе и иде вратен сребрениот медал“, рече Хасан која на крајот го освои третото место.