Пред 12 години одигра само еден натпревар во дресот на Барселона, а сега се враќа на Ноу Камп како големо засилување

Шпанскиот весник АС објавува дека Ориол Ромеу од Жирона ќе биде нов фудбалер на Барселона на позицијата дефанзивен играч за врска.

32-годишниот фудбалер потекнува од фудбалската академија на Барселона, а пред 12 години дури стигна и до првата екипа и одигра девет минути во првенството, но беше дел и од екипата која настапи на Супер куп дуелот против Севиља.

Тогаш младиот Ромеу направи трансфер во Челзи вреден 4.6 милиони евра, а со клубот од “Стемфорд Бриџ“ ја освои и Лигата на шампионите. Најголем дел од својата кариера ја мина во Саутемптон, каде се задржа цели седум сезони, а минатото лето се врати во Шпанија во дресот на малиот каталонски клуб Жирона.

- Оглас -

Најнови вести