Рандал Коло Муани пред само 15 месеци направи сензационален трансфер од Ајнтрахт Франкфурт во ПСЖ, а „светците“ на бундеслигашот му платија неверојатни 95 милиони евра. Сепак, Коло Муани во дресот на ПСЖ одигра 54 натпревари, на кои постигна само 11 голови, а тоа е отценето како недоволно за фудбалер кој заработува по 10 милиони евра.
Раководството на ПСЖ му порача на фудбалерот дека летово може да си замине, а опција е позајмица до крајот на сезонава, а потоа и продажба. Јувентус и Милан се заинтересирани за неговите услуги, а условот на „светците“ е да платат четири милиони евра за позајмица и да му ја исплатат платата до крајот на сезоната, односно околу пет милиони евра. Од евентуалната продажба би добиле околу 20 милиони евра, што сепак е далеку од сумата која ја вложија во него.