Пред 84 дена наполни 19 години, а утрово стана најмлад играч во историјата на НБА со трипл-дабл

Австралиецот Џош Гиди се запиша во историјата на НБА-лигата како најмлад кошаркар кој направил трипл-дабл во најсилната лига на светот.

Гиди, кој е дебитант и беше шести пик на драфтот, има 19 години и 84 дена, со што за 56 дена го надмина стариот рекорд на Ламело Бол.

Трипл-даблот на Гиди не беше обичен со десетки, туку постигна 17 поени, имаше 14 асистенции и 13 скока. Но, како да играше сам против Далас маверикс, па Оклахома сити тандер даде само 86 поени и го загуби мечот.

Ноќ за паметење имаше и Џејлен Браун, кој стана седмиот кошаркар во историјата на Бостон селтикс кој постигнал 50 поени на еден меч. Браун даде речиси половина од 116-те поени на Селтикс во победата над Орландо. На оваа средба се играше и продолжение.

Победа извојува и Лос Анџелес лејкерс против Минесота од 108-103, а Леброн Џејмс, кој уфрли 26 поени, најголема помош доби од Малик Монк, кој придонесе со 22. Сепак, не се поените на Леброн тие што им ја донесоа победата на Езерџиите, туку одбраната. Џејмс во последната четвртина го чуваше и не му дозволи на Наз Рид да даде кош откако Рид во првите три четвртини уфрли 23 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести