Пред две години ја скрши ногата, а сега дојде ред за скршеница на раката (Видео)

Бостон селтикс најмалку еден месец ќе биде без Гордон Хејворд кој ноќеска се повреди на дуелот против Сан Антонио. Крилото на Бостон заработи скршеница на раката откако се удри во Ламаркус Олдриџ. Сан Антонио беше во напад, Олдриџ сакаше за направи блок токму над Хејворд, но корпулентниот играч на Сан Антонио се подмести и Гордон се удри како во ѕид.

Од ударот тој незгодно ја потисна левата рака и веднаш побара да биде заменет. По направените лекарски контроли било утврдено дека има скршеница на раката и сега треба да паузира најмалку четири недели. Хејворд сезонава е еден од носителите на играта на Бостон и во просек има 20,3 поени по меч.

За Хејворд ова не е прва потешка повреда. Пред две години тој заработи скршеница на ногата, па го пропушти поголемиот дел од сезоната. За среќа, скршеницата на раката не треба да бара толку долга пауза како пред две години.

И без Хејворд, Бостон стигна до убедлива победа од 135:115. Ова е седми триумф во низа за Бостон, што го прави најдобар тим на Истокот.

 

- Оглас -

Најнови вести