12.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Пред мечот со Баерн, Луис Енрике зборуваше за тоа кој клуб е најдобар во светот

Возбудувањата во Лигата на шампионите ќе продолжат утре, со мечеви од четвртото коло. Еден од дуелите кои привлекуваат најмногу внимание, секако, ќе биде утрешната пресметка во Париз меѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен.

ПСЖ го има приматот на актуелен европски владетел, додека Баерн е тимот кој сезоната ја започна со перфектни 15 победи во 15 средби. Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, беше запрашан за тоа кој е најдобриот клуб во светот и имаше уникатен одговор.

„За да дознаеме кој е најдобриот клуб во светот или во Европа, треба да почекаме до крајот на сезоната за тоа кој клуб колку трофеи ќе освои. Во моментов е јасно дека тие се многу силни, имаат 15 победи по ред. Знаеме дека ќе биде тешко, но ние сме подготвени да победиме“, рече Енрике.

Шпанскиот стратег призна дека на неговиот тим сезонава му е тешко да „врзе“ три-четири победи по ред, а Баерн има 15 во низа.

ПСЖ со 2:0 го победи Баерн летово на меч од Светското клупско првенство, но пред тој дуел, Баерн имаше четири победи во низа. На тие пет натпревари немаше повеќе од два гола, а сите биле и со НГ комбинација, односно еден од тимовите да не постигне гол. Сега ќе биде многу тешко да продолжи оваа традиција ако се знае колку силни напади имаат ПСЖ и Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести