Пред повеќе од 100 дена заминаа на гостување и уште не се вратени дома

Професионалниот рагби клуб Манума Самоа не ни можеше да претпостави  дека патот за одигрување на еден меч во Австралија ќе им трае повеќе од три месеци. Рагбистите од малиот остров на Пацификот заминаа на гостување во Перт на 23 февруари. Сепак, на патот кон враќањето дома, поради пандемијата со Коорнавирусот, тие морале да одат во карантин во Нов Зеланд.

Додека биле во карантин, во Нов Зеланд ги затвориле границите, па рагбистите не можеле да си заминат дома. Цели три месеци 20-те рагбисти живееле во склоп на една црква. Сите биле во една просторија. Конечно откако биле отворени границите на Нов Зеланд, спортистите успеале да дојдат во својата земја, но и таму ги чекало двонеделен карантин.

Рагбистите веќе се пред крај на карантинот, па се очекува во следните неколку дека конечно да го завршат патешествието и по повеќе од 100 дена конечно да се вратат во своите домови.

 

- Оглас -

Најнови вести