Бундеслигата прослави 60 години постоење, во овие шест децении просекот е над три гола на меч

Германското фудбалско првенство со децеении е едно од најдобрите во Европа и светот. Популарната Бундеслига започна на 24 август 1963 година, а првиот меч го одиграа Борусија Дртмунд против Вердер. Прв шампион стана екипата на Келн.

Од таа сезона, до сега, германското првенство испишува историски успеси а многу клубови од оваа земја освојуваа и европски трофеи. Кога се работи за домашното првенство, досега се одиграни 18.311 натпревари, а постигнати се 56.092 голови што е просек од 3,1 погодоци по меч.

Вкупно биле досудени 5.160 пенали, а реализирани се 3.873. Покажани се 2.377 црвени картони, а во елитното друштво вкупно учествувале 57 клубови. Бундеслигата имала 12 различни шампиони, а Баерн Минхен е најтрофеен.

- Оглас -

Најнови вести