Горан Пандев точно пред десет години, на 18 декември 2010 година, постигна еден од своите најважни голови во клупската кариера и на Интер му донесе слава и титула првак на Светското клупско првенство.
Во финалето на светското клупско во Абу Даби кое се играше точно пред една деценија, струмичанецот во 13-тата минута го совлада голманот Роберт Кидијаба, кој се прослави со смешното славење во полуфиналето, кога африканскиот првак го шокираше бразилски Интернасионал како шампион на Јужна Америка.
Интер победи со 3-0, а Пандев го отвори резултатот и најави дека Нераѕурите ќе го освојат трофејот.