Шпанија се искачи на кошаркарскиот врв со освоената втора светска титула. Црвената фурија беше убедлива против Аргентина во финалето со конечни 95:75 и сосема заслужено ќе се нарекуваат најдобри во наредните четири години.
CAMPEONES DEL MUNDO 🇪🇸🏆. #FIBAWC #EspañaGotGame@BaloncestoESP pic.twitter.com/Uika4cVLOd
— FIBA Basketball World Cup 🏆 (@FIBAWC) September 15, 2019
Наградата за најкорисен играч во финалето и воопшто на целиот турнир заслужено припадна на Рики Рубио, кој реализираше 20 поени, седум скока и три асистенции против Аргентина. За најдобар стрелец беше прогласен Богдан Богдановиќ кој бележеше просек од 22,9 поени по натпревар.
.@rickyrubio9 is the @TISSOT MVP of the FIBA Basketball World Cup 2019! 👏🏼 #EspañaGotGame #FIBAWC pic.twitter.com/MhlDvk2ey0
— FIBA Basketball World Cup 🏆 (@FIBAWC) September 15, 2019
Најдобра петорка:
Богдан Богдановиќ, Србија
Еван Фурние, Франција
Рики Рубио, Шпанија
Марк Гасол, Шпанија
Луис Скола, Аргентина
Следниот Мундобаскет ќе се одржи во 2023 година, на кое домаќини ќе бидат Филипини, Јапонија и Индонезија.