Предизвик е да се погоди исходот на едно од најголемите македонски дербија

Во минатото, дуелите на Вардар и Пелистер без разлика дали се играа во Скопје или Битола, се очекуваа со нетрпение, тоа беше најголемо дерби во македонскиот фудбал, зачинето со полни трибини, па и големи инциденти и прекини на натпревари, а денеска најтрофејниот клуб гостува на „Тумбе кафе“ после пауза од две и пол години, и мечот не е за врв на табелата, туку кој да фати приклучок кон горниот дел на табелата.

Пелистер и Вардар се просечни прволигашки тимови сезонава, секој бод им е важен, а за жал, средбата од 15 часот ќе се игра и без публика.

Вардарци во минатото коло ја победија Беласица, а сега повторно играат против тим кој лани беше второлигаш. Традицијата е на страна на Црвено-црните. Скопјани не загубиле во Битола уште од 2011 година, на последните девет гостувања таму најчесто победуваа, но преклани беше 0-0. Вардар направи големи промени во составот, и игра со осцилации, па затоа и квотата во Sport Life за победа на Вардар е голема.

Кај Пелистер сигурно нема да изостанат огромните мотиви, на трибините ќе ги нема нивните „Чкембари“ да им бидат 12-ти играч, па доколку верувате во победа на битолчани и се обложите, истотака нема да зажалите, секако ако погодите. Квотата за единица е уште поголема од таа за двојка.

- Оглас -

Најнови вести