Предупредување за Перес, со Мбапе во Реал Мадрид ќе дојдат и проблемите

Поранешниот француски репрезентативец, Емануел Пети го предупреди Реал Мадрид дека потписот со Килијан Мбапе нема да претставува фудбалска бајка, туку напаѓачот со себе „ќе донесе“ и проблеми.

Пети смета дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, може да има големи главоболки од следната сезона бидејќи Мбапе може да предизвика раскол во соблекувалната на Кралевите.

Според него, потенцијален проблем може да претставува лидерската улога во соблекувалната како и позицијата на Мбапе на теренот.

„Доаѓањето на Мбапе во Реал Мадрид може да преставува проблем за Перес. Не само кога станува збор за платите во соблекувалната, туку и во лидерската улога. Белингам е неверојатен сезонава, како и Винисиус жуниор, а ако дојде и Мбапе, тој ќе мора да игра на позиција напаѓач. Но, сите знаеме дека тоа не е негова најдобра позиција, има многу прашања, а нема одговори“, вели Пети.

Според првичните информации од шпанските медиуми, платата на Мбапе ќе биде иста како и таа на Винисиус жуниор. Разликата ќе биде во големиот бонус од 150 милиони евра кој Французинот ќе го добие за потпис на договор како и процентот од продажбата на фотографии со неговиот лик (Реал и Мбапе ќе делат по половина од профитот, додека останатите играчи добиваат само 10 до 20 отсто).

- Оглас -

Најнови вести