Префрлете ги во машката Лига на шампиони – Брилијантни се дамите од Барселона, со петарда и рекордна посета од 91 илјада гледачи стасаа до 41 победа по ред (Видео)

Женскиот состав на Барселона го прегази и Волфсбург во првото полуфинале во Лигата на шампионите и е на прагот на ново финале по победата од 5:1, вечерва на „Камп Ноу“.

Брилијантните фудбалски дами од Барселона ја продолжија неверојатната серија од победи и сега имаат 41 триумф по ред.

Најдобрата фудбалерка на светот, Алесија Путелјас со два гола ги предводеше до нов убедлив успех, а по еден гол против Волфсбург за актуелните европски шампионки дадоа Бонмати, Хансен, и Хермосо.

Единствениот погодок за германскиот тим го постигна Рорд, но шансите за успех и финале на Волсбург се минимални.

Мечот на „Камп Ноу“ го следеа точно 91.648 луѓе што е светски рекорд во женскиот фудбал.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1517572546467672064?s=20&t=qSLIlDkJ6FTaQzI2kV4uHQ

Претходниот рекорд исто така се случи на „Камп Ноу“ кога дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионките меѓу Барселона и Реал Мадрид на 30. март го следеа 90 илјади навивачи.

https://twitter.com/DAZNFootball/status/1517521995809886208?s=20&t=qSLIlDkJ6FTaQzI2kV4uHQ

Реваншот ќе се игра на 30. април. Во второто полуфинале првиот меч во француската пресметка меѓу Лион и ПСЖ ќе се игра задутре, а реваншот е на 30. април.

 

- Оглас -

Најнови вести