Прекин на традицијата, англискиот Комјунити шилд нема да се игра на „Вембли“

Натпреварот од англискиот Суперкуп во 2026 година, популарниот Комјунити шилд, нема да се одржи на стадионот „Вембли“ во Лондон, туку на „Милениум“ во Кардиф, главниот град на Велс, на 16 август.

Како и обично, натпреварот ќе се одржи една недела пред почетокот на новата сезона во англиската Премиер лига. Шампионот и победникот на Купот ќе се натпреваруваат за трофејот. Традиционално, овој меч се игра на славниот „Вембли“, но канадскиот пејач Д Викенд ќе има концерти таму на 15 и 16 август.

Нема да биде првпат Комјунити шилд да се игра на друг стадион. Од 2001 до 2006 година исто така се играше во Кардиф, во 2012 година во Бирмингам, а во 2022 година во Лестер. Бранител на титулата е Кристал палас, кој го победи Ливерпул на пенали. 

- Оглас -

Најнови вести