МЗТ Скопје Аеродром е пред победа и водство од 2:1 во финалната серија против Пелистер, но мечот имаше 10-тина минути прекин откако гостинските кошаркари го напуштија теренот.
Аеродромци водеа со убедливи 74:41 кога на три секунди пред крајот од третата четвртина, на трибината каде што беа гостинските навивачи се случи инцидент. Популарните Чкембари се тепаа со полицијата, па се случи прекин и на теренот.
Кошаркарите на Пелистер во еден момент решија да си заминат од теренот, но по 10 минути се вратија и дуелот продолжи.