Прекинат меч: Играчите на Реал се бунеа дека судиите му помогнаа на Јувентус да го даде вториот гол (Видео)

Во светски рамки мал број се на мечевите кои се играат деновиве. Едно од првенствата каде непречено се игра е тоа во Никарагва. Токму таму, се играше можеби и најатрактивниот меч за викендов, но не поради квалитетот на тимовите, туку поради нивните имиња.

На теренот во Манагуа се појавија екипите на локалниот Јувентус и Реал Мадриз. Ова беше меч од домашното првенство, а двете екипи се во долниот дел од табелата. Домаќините имаа предност од 2:0, кога фудбалерите на Реал Мадриз решија да го напуштат теренот и средбата не се доигра.

Револтот на гостите се случи кога играчите на Јувентус го постигнаа вториот гол во 70 минута. Домаќините беа во напад, кога во еден момент линискиот судија покажа дека имало офсајд, па фудбалерите на Реал застанаа да играат. Во тој момент, главниот арбитар покажа дека не е офсајд и дека акцијата треба да продолжи, па фудбалерите на Јувентус лесно стигнаа до гол и водство од 2:0.

Следуваа протести на гостите кои бараа погодокот да не биде признат, но откакко судијата покажа дека средбата треба да продолжи со удар од средината на теренот, играчите на Реал Мардиз револтирано го напуштија теренот.

Целиот натпревар може да го погледнете на видеото, а спорната снимка е по еден час и 24 минута на видеото, па сами проценете кој е во право.

- Оглас -

Најнови вести