Прекинат претсезонски натпревар во НБА, публиката мораше да се евакуира (ВИДЕО)

Припремниот натпревар меѓу Мемфис гризлис и Милвоки бакс мораше да биде прекинат откако во салата во којашто играа се огласи алармот за пожар.

За среќа, нема повредени или починати откако сите гледачи ја напуштија арената во Мемфис, додека играчите и стручниот штаб беа спроведени до соблекувалните.

Средбата беше прекината во третата четвртина при резултат 87:77 за Мемфис, а најефикасен до тој момент беше Џа Морант со 27 поени.

- Оглас -

Најнови вести