Премиер лигата одлучи: За внесување на пиротехника на стадион, следува забрана од минимум една година

Англиската Премиер лига со нови мерки им објави војна на оние навивачи кои планираат да ги прекршат правилата. Англија е позната по спроведување строги правила на спортски натпревари, но кон крајот на минатата сезона имаше инциденти на фудбалските мечеви во оваа земја.

Имаше упаѓање во терен на навивачи, палење факли, а во една ситуација дури и фудбалер (Ришарлисон додека беше во Евертон) голот го прославуваше со држење на чадна бомба во рака. На сето ова ќе му дојде крај.

Клубовите од Премиер лигата донесоа одлука да се забрани влез на стадион од најмалку една година за секој што ќе внесе или ќе употреби пиротехнички материјал на трибините. Истата казна е и за влегување на терен.

Премиерлигашите одлучија дека ако престап направи дете, забраната може да се пренесе и на неговиот родител, а висината на казната ќе зависи од тежината на прекршокот.

Казни ќе има и за внесување дрога на стадион, за фрлање предмети на терен и за расно навредување на играчи, тренери и судии.

Овие правила стапуваат на сила на 1 октомври, со мечот Арсенал – Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести