Новата сезона во англиската Премиер лига ќе почне на 11 август, петок, со дуел на повратникот во елитата, Барнли, и актуелниот првак Манчестер сити.
Тоа ќе биде надмудрување на некогашниот капитен на Сити, Белгиецот Винсан Компани, кој сега е менаџер на Барнли, со неговиот учител Пеп Гвардиола. Барнли сезонава доминираше во Чемпионшип, а во составот им беше и македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.
Дербито на првото коло е Челзи – Ливерпул, а Лутон, кој по 31 година се враќа во топ-лигата во Англија, прво ќе гостува кај Брајтон.
Целиот распоред за сезоната 2023/2024 може да го најдете ТУКА.