Премиер лигата е без конкуренција со ТВ-правата, најтрофејниот англиски клуб е рекордер

Манчестер јунајтед заработил најмногу пари од ТВ-права и популарните Црвени ѓаволи се на врвот на листата со вкупно инкасирани 187 милиони евра, што е импресивна сума за најтрофејниот англиски клуб.

Премиер лигата има убедливо најбогат договор што се мери во милијарди за неколку сезони, па и не чуди што дури пет екипи од Англија се на првите позиции.

Зад Манчестер јунајтед е Манчестер сити со заработка од 177 милиони евра, Ливерпул инкасираше 172 милиони евра, а зад нив се Челзи и Тотенхем со по 167 милиони евра. Најбогатиот квинтет екипи од Премиер лигата според заработката од ТВ-правата заедно инкасираа вкупно приближно една милијарди евра.

На петтото место е Барселона со 166 милиони евра, пред големиот шпански ривал Реал Мадрид, кој е побогат за 150 милиони евра од ТВ-правата.

Од италијанските клубови најмногу заработи Јувентус, 122 милиони евра, а блиску до нив е и германскиот и европски првак Баерн со 120 милиони евра.

Во регионот Динамо Загреб е лидер со 500 илјади евра годишно, но популарните Модри очекуваат да заработуваат по 2,9 милиони евра според новиот договор што ќе важи од сезоната 2022/23.

Македонските клубови ги нема на листата, а ТВ-правата сè уште не функционираат за нашите клубови од ПМФЛ.

 

- Оглас -

Најнови вести