Премиер лигата им се оддолжи на интерeсен начин на јунаците од Тотенхем

Серхио Регилон и Ерик Дајер беа најприсебни во драмата што се случуваше на „Сент Џејмс парк“, веднаш реагираа и побараа медицинските лица да му помогнат на навивачот на трибините кој имаше здравствени проблеми и, за среќа, успеаја да помогнат.

Навивачот на Њукасл доживеа срцев удар, но со брзата реакција лекарите му ја стабилизираа состојбата, па потоа беше однесен во болница.

Регилон и Дајер ги собраа симпатиите од фудбалскиот свет, има само комплименти за нив двајца на социјалните мрежи, а раководството на Премиер лигата ги награди на симболичен начин.

Заедно двајцата дефанзивци на Тотенхем ја добија наградата за играчи на мечот, во кој нивниот тим со 3:2 го победи Њукасл.

„Дајер и Реглон реагираа инстинктивно и, за среќа, многу брзо и ефектно. Секоја чест и за нив и за судијата. Донесе правилна одлука мечот да се прекине. Ништо не е поважно од човечки живот“, рече тренерот на Тотенхем , Нуно Еспирито Сантос.

Регулион прв забележа дека нешто не е в ред на трибината до него, а Дајер експресно ги повика медицинските лица да му дадат дефибрилатор за да му се помогне на навивачот на Њукасл.

„Погледнав кон трибините и веднаш забележав реакција од навивачите да се сопре со игра. Покажуваа на човекот што беше паднат и се обидуваа да му помогнат. Веднаш му сигнализирав на судијата дека има драма на трибините и го замолив да го прекине мечот за да можат лекарите да помогнат“, истакна Регулион.

- Оглас -

Најнови вести