Новите газди од Саудиска Арабија не му донесоа среќа на Њукасл, Тотенхем лесно ги освои бодовите (Видео)

Новите сопственици на Њукасл од Саудиска Арабија беа на трибините на „Сент Џејмс парк“, но и тоа не помогна клубот да ја прекине серијата неуспеси и да ја забележи првата победа.

Тотенхем со победа од 3:2 ги освои бодовите и го остави домаќинот без триумф во новата сезона, на претпоследното место со само три бода по 8 кола.

Мечот почна добро за Њукасл, а Калум Вилсон по само 120 секунди игра му донесе предност на домашниот тим.

Тотенхем во кус период од пет минути направи пресврт со головите на Ндомбеле и на Кејн, од 17. до 22. минута.

Кејн го постигна првиот гол сезонава во Премиерлигата, а потоа се случи и застрашувачкиот момент во 39. минута, кога на навивач на Њукасл му се слоши на трибините.

Мечот беше прекинат околу половина час, а сепак за среќа навивачот во стабилна состојба е пренесен во болница.

Првото полувреме продолжи со уште еден гол на Тотенхем, го постигна Хјунг-Мин Сон за 3:1.

Во финишот на мечот Дајер си постигна автогол, Њукасл намали на 2:3, но не успеа да освои барем еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести