Премиерлигата останува без велшки клуб во следната сезона?

Победата на Фулам против Кардиф, со голот на Рајан Бабел во финишот, не му врши многу работа на лондонскиот тим, колку што му ги расипа сметките на велшкиот тим кој грчевито се бори за опстанок. Фулам кој е веќе испаднат, чесно се бори и врза три победи едноподруго, но и уште три во следните три кола, не би го спасиле.

Кардиф остана на три бода минус од Брајтон, а ако Брајтон доцна попладнево слави над Њукасл, тогаш веројатно Премиерлигата во следната сезона нема да има екипа од Велс.

Значајна победа над Вотфорд, во битката за излез на европска сцена извојува Вулверхемптон. Шансата на Вотфорд да оди во Лига на Европа е само ако го совлада Манчестер сити во финалето на ФА купот.

Инаку, во Премиерлигата сезонава веќе паднаа 1.000 гола, и ова е најбрза илјадарка во последните 24 сезони.

- Оглас -

Најнови вести