Премиерлигата плаче за ВАР, Арсенал оштетен во дербито со Тотенхем

Тотенхем го одигра првиот нерешен меч во Премиерлигата, по цели 29. кола, а дербито на Северен Лондон против Арсенал заврши со резултат 1:1.

И до првото реми во сезоната во Англија домаќините стасаа со подарок од судиите, бидејќи во 74. минута не видоа чист офсајд на Хари Кејн, кој во продолжение од акцијата беше фаулиран и беше досуден пенал. Кејн погоди и израмни на 1:1, а потоа Арсенал имаше шанса и да победи.

Во првата минута од судиското продолжение и гостите шутираа од белата точка, но Обамејанг упати лош удар и Лорис лесно му го одбрани пеналот за победа на Арсенал.

Со ремито двете екипи останаа на третата и четвртата позиција со 61 бод колку што има Тотенхем и 57 за Арсенал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести