Пресврт: Адеми се премислил и сепак ќе ги одбие Арапите?

Аријан Адеми вчера ги договорил сите лични услови со клубот Ал-Наср од Обединетите Арапски Емирати, со една нога беше на заминување од Динамо Загреб, но хрватските медиуми објавија дека Адеми му кажал на тренерот Ненад Бјелица дека сепак сака да остане во Динамо и дека би заминал само ако добие добра понуда од некој клуб од петте најсилни лиги во Европа.

Адеми, кој е капитен на Динамо, има финансиски одлична понуда од Ал-Наср, чиј тренер е Хрватот Јурчиќ, но веројатно ќе ја одбие.

„Сега зборував со него, Адеми одлучи да остане во Динамо. Не сака да си оди, особено не во некоја лига која не е меѓу петте најдобри во Европа. Ќе ја почитуваме неговата одлука, тој останува важен играч за нас“, вели Бјелица.

Преодниот рок во ОАЕ трае до 3 февруари, па за една недела дефинитивно ќе се знае каде Адеми ќе игра до крајот на сезонава.

- Оглас -

Најнови вести