Пресврт: Кутињо се сели во Лондон, но не потпишува за Арсенал

Вчера навечер се појавија шпекулации дека Арсенал постигна договор со Барселона околу Филипе Кутињо и се очекуваше Бразилецот да се пресели во Лондон каде оваа сезона ќе игра како позајмен играч. Сепак, англиските медиуми сега тврдат дека Топчиите се откажаа од потписот на Кутињо, но тој сепак може да заврши во главниот град на Англија.

Наводно, од таборот на Тотенхем реагирале по откажувањето на Арсенал и сега тие се фаворити да ги добијат услугите на поранешниот фудбалер на Ливерпул. Планот е да го доведат Кутињо на позајмица за која Петлите ќе потрошат околу 21 милион фунти, а во текот на следниот летен преоден рок ќе преговараат со Барса околу откупната сума.

Причина за отстапувањето на Арсенал е што Емери планира да ја засили одбранбената линија во овие два дена колку што остана од преодниот рок во Премиер лигата, а останува Тотенхем да води трка со времето за да го осигура потписот на Кутињо и да го врати на Островот по една и пол година.

- Оглас -

Најнови вести