Претераа: Играчите и навивачите на Портсмут исфрлени од прославата на титулата (Видео)

Некогашниот премиерлигаш Портсмут ја обезбеди титулата во Лига Еден (трета лига во Англија) и со тоа дојде до пласман во Чемпионшип за следната сезона. По пауза од 12 години Портсмут ќе игра во втората лига по јачина во Англија, а овој успех на тимот од југот на Англија беше причина за големо славје.

Најпрво, веднаш по победата над Барнсли со 3:2, на теренот на стадионот „Фратон парк“ се случи инвазија кога илјадници фанови го „окупираа“ теренот, глетка која беше спектакуларна.

Сепак, не толку спектакуларно беше да се гледа како слават фудблаерите и навивачите на Портсмут. Во пабот во кој беа собрани да го прослават успехот, дел од фудбалерите и навивачите толку многу беа пијани што едноставно правеа недолични работи.

Во еден клип кој кружи на социјалните мрежи се гледа како еден од играчите (Марлон Пек) се обраќа кон навивачите, а потоа грубо беше прекинат од испадот на дефанзивецот Џо Раферти, кој реши да ги соблече пантолоните и да го покаже голиот задник.

Многу скршени флаши и чаши имало во пабот, па газдата на објектот морал да го вклучи противпозарниот аларм за да ги избрка сите оние кои претераа во славењето. Едноставно играчите и фановите на Портсмут претерале во славењето за освоената титула во третата лига по ранг во Англија.

- Оглас -

Најнови вести