Претпоставка која стана предвидување: Што кажа Јирген на првиот прес? (видео)

Во пресрет на 26-тото коло во Премиер лигата, во кое Ливерпул на гостувањето кај Норвич ќе се обиде да ја оствари 25-тата победа и да ја зголеми веќе недостижната бодовна предност во однос на второпласираниот Манчестер сити, Црвените дефинитивно ќе стават крај на постот кој трае веќе 30 години без титула во англискиот шампионат, а „Енфилд“ уште сега се подготвува за шампионска прослава, која, без сомнение, ќе биде луда и незаборавна.

Фактот што актулениот европски првак за кратко време ќе го добие статусот и на англиски шампион, ги натера англиските медиуми да се вратат назад во минатото и да се присетат на првата прес-конференција на Јигрен Клоп при склучувањето соработка со гигантот од Мерсисајд.

Неговата претпоставка дека Ливерпул можеби за четири години ќе ја освои титулата со напорна работа и укажана доверба во неговите способности, се претвори во предвидување на Клоп.

„Кога го напуштив Дортмунд, заминав со една реченица: Не ми судете кога ќе дојдам, судете ми кога ќе си заминам од тука. Затоа ве молам дајте ни време да работиме за да ги оствариме целите, односно успесите кои се во планот на клубот. Не велам дека треба да се чека 20 години, но ако сте трпеливи, ние ќе направиме прогрес и покрај тоа што сме во лига со голема конкуренција. Можеби за четири години ќе седиме тука и ќе зборуваме за првата титула, ако не, сигурен сум дека ќе успеам во Швајцарија“, истакна Клоп во октомври 2015 година.

Германецот лани го одведе тимот до шестата европска титула, а сега е на прагот да испише историја со Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести