Препознатлива Барса – 60 додавања претходеа на голот на Меси (видео)

Барселона издоминира во вчерашното финале од шпанскиот Куп со триумфот од 4-0 над Атлетик Билбао. Каталонците го освоија првиот трофеј под палката на Роналд Куман, а воедно гигантот од „Камп ноу“ го подобри рекордот на 31 трофеј во ова натпреварување.

Иако по првите 45 минути немаше голови, фуриозната Барселона во вториот дел ги столчи Баскијците за помалку од 15 минути, додека последниот гол кој го реализира Меси за 4-0, беше ремек-дело на целата екипа.

Дури 60 непрекинати додавања му претходеа на погодокот на капитенот, избраниците на Куман буквално ја сокрија топката од противникот и кружеа на теренот додека не ја најдоа празнината да стигнат до голот на Симон.

- Оглас -

Најнови вести