Претседателот ја „олесни“ Верона за 6,5 милиони евра, покрената е истрага

Претседателот на Верона, Маурицио Сети, се најде под истрага поради финансиска проневера на штета на клубот. Како што пренесуваат италијанските медиуми, Сети ја „олеснил“ касата на калчолигашот за 6,5 милиони евра.

Причината што украл од својот клуб наводно е да спаси друг клуб од банкрот кој исто така го поседува, a се работи за второлигашот Мантова.

Јавниот обвинител во Болоња покрена истрага против Сети и му се заканува затворска казна за малверзацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести