Претседателот на Белорусија играше хокеј и порача: Гледате ли тука некаде Коронавирус?

Коронавирусот ги одложи речиси сите спортски настани во светот. Една од ретките држави во кои се игра професионален спорт е Белорусија. Таму фудбалското првенство е со присуство на публика, па гледачите можеа да видат едно промашување за рубриката „верувале или не“.

Освен фудбалот, се игра и хокејот. Дури и претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, зализга на мразот за да покаже дека нема никаква опасност од Коронавирусот.

„Апсолутна глупост е да се затвораат државните граници. Паниката може да биде поопасна од самиот вирус. Овде нема вирус, зарем гледате вие некаде вирус?“, рече Лукашенко, кој уште претходно има изјавено дека наместо страв од опасниот вирус, граѓаните да конзумираат вотка и двапати да одат во сауна, а фармерите да продолжат да работат затоа што „тракторот лечи сѐ“.

Во Белорусија живеат 9.500.000 жители, а засега според евиденцијата, има околу 100 заразени од Коронавирусот, а нема ниту еден починат.

- Оглас -

Најнови вести