Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва, во изјава за медиумите ја критикуваше одлуката италијанецот Карло Анчелоти да биде селектор на репрезентацијата.
Негов фаворит е сегашниот селектор, Фернандо Динис, за кого смета дека е вистинскиот човек за таа позиција.
– “Го сакам Анчелоти, но многу е лесно да се биде тренер на европска екипа со единаесет одбрани фудбалери. Исто така, зошто никогаш не бил селектор на неговата држава, која има големи проблеми и не се пласира на последните две светски првенства? Го претпочитам Динис, тој има личност и карактер, креативен е и вистински лидер во соблекувалната.“ – изјави претседателот на Бразил.
Првиот голем предизвик за Карло Анчелоти ќе биде настапот на Копа Америка во месец јуни следната година.
– “Според мене проблем за нашата фудбалска репрезентација не беа лошите селектори до сега, ниту Динис. Проблем е квалитетот на фудбалерите кој не е на нивото како некогаш.“ – дополни Луис Инасио Лула да Силва.