20.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Претседателот на ФИФА тажен по елиминацијата на Интер Мајами од плејофот во МЛС

На социјалните мрежи се појави фотографија од загрижениот израз на лицето на Џани Инфантино додека Интер Мајами губи од Атланта јунајтед во првото коло на плејофот во МЛС-лигата.

Сликата стана хит затоа што на Инфантино му се лепи етикета дека Лионел Меси му е омилен играч кој го форсира, па сега е тажен што неговиот миленик претрпе пораз.

Хејтерите на Меси би рекле дека Инфантино „со сила“ ја направи Аргентина светски првак поради многуте пенали на Мундијалот во Катар, а потоа и наместо да почека да види кој ќе биде првак на МЛС-лигата и тој тим да игра на Светско клупско првенство, на Светското го стави Интер на Меси како најдобар тим во лигашкиот дел од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести