Претседателот на Наполи е голем песимист: Италијанскиот фудбал ќе умре!

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, остро го критикуваше новиот договор за телевизиски пренос на натпревари од Серија А во Италија. Компаниите Sky и DAZN ги купија ТВ-правата за мечевите од италијанскиот фудбал во следните шест години и за тоа вкупно ќе платат 4,5 милијарди евра.

Актуелниот италијански првак Наполи е меѓу трите елитни клубови кои не го поддржаа овој договор, а газдата на тимот од Неапол, Аурелио де Лаурентис е голем песимист. Тој е за проектот Лега Серија А да создаде сопствен канал за пренос на натпревари во лигата. Извештаите во Италија претходно овој месец тврдеа дека Oaktree Capital Partners дала понуда за поддршка на проектот.

ДАЗН понуди 700 милиони евра по сезона за пренос на сите 10 натпревари во Серија А до 2029 година, додека Скај додаде околу 200 милиони евра повеќе по сезона за прикажување на три натпревари секој викенд.

„Тоа е загуба за италијанскиот фудбал, кој ќе умре поради оваа понуда. Скај и ДАЗН не се компетентни и не му прават ништо добро на италијанскиот фудбал. Вредноста на нашиот фудбал мора да доаѓа од инвестицијата и навивачите. Кога гледам пакети кои ги вклучуваат Лигата на шампионите, Серија А, серии и емисии, не ја разбирам вистинската вредност на италијанскиот фудбал. DAZN го продава заедно со други спортови. Беше глупаво да се склучи петгодишен договор по договорот со Саудиска Арабија, иако во близина има војна (се однесува на мини-турнирот од Суперкупот на Италија – н.б.). Скај и ДАЗН не прават големи инвестиции. Пред некој ден го гледав Арсенал против Челзи во Премиер лигата. Потоа гледав и три натпревари од Серија А. Начинот на преносите на нашиот фудбал е смешен, но овие телевизии никогаш не ни кажаа за тоа. Постојано зборуваме за вистински стадиони, но никогаш не размислуваме за виртуелните“, истакна Де Лаурентис по објавувањето на новиот договор за ТВ-правата од мечевите во Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести