Претседателот на европскиот првак Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, упати уште еден критички напад врз Килијан Мбапе по победата на парискиот клуб во Лигата на шампионите.
Францускиот тим го растури Интер со 5-0 во финалето, освојувајќи го трофејот за прв пат и тоа една сезона по заминувањето на нивниот главен играч Мбапе. Од друга страна, на Мбапе не му се исполни желбата да ја освои ЛШ, но ја имаше најефикасната сезона во кариерата и првпат ја освои „Златната копачка“ за прв стрелец во Европа.
„Полесно е да се постигне гол во шпанската Ла Лига отколку во француската Лига 1. Луис Енрике гордо ја претставуваше Лига 1 и ја бранеше од навивачите на англиската Премиер лига кои го нарекуваа француското првенство лига на земјоделци. Ги победивме Манчестер сити, Ливерпул, Астон Вила и Арсенал во Лигата на шампионите. Никој не помисли дека ќе ја освоиме титулата“, изјави Ал-Келаифи.