4.8 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Претседателот на РФМ со порака: „Ја израдувавте цела Македонија!“

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, испрати порака со поддршка за македонските репрезентативци по ремито против Португалија, 29-29, во второто коло од групната фаза на Европското првенство.

„Ова реми е еднакво на победа. Да знаете, ги израдувавте сите Македонци во оваа сала вечерва, а и целата нација. Храбро, машки и борбено. За жал, немавме среќа на крајот, но покажавме дека имаме карактер, дека можеме да се вратиме од минус пет и дека можеме да играме со селекции кои се во ТОП 5 во светот. Ви честитам и само напред без притисок кон победа против Романија!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести