Претставен најновиот трофеј: На Финалисима ќе се радуваат Италија или Аргентина

Европската фудбалска федерација (УЕФА) заедно со Фудбалската федерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ), договорија одигрување на меч меѓу континенталните прваци. Овој меч го доби името Финалисима куп, а честа први да играат ќе ја имаат Италија како европски првак и Аргентина, која е актуелен шампион на Јужна Америка.

Мечот ќе се игра на 1 јуни на „Вембли“ во Лондон и ова треба да стане пракса во иднина.

Интересно е дека во минатото претходно имало два вакви меча на шампионите од овие два континенти. Во 1985 година Франција ја победи Аргентина, додека во 1993 година Аргентина славеше над Данска.

- Оглас -

Најнови вести