За Елиф Елмас нема иднина во Лајпциг, па претставници на италијанскиот прволигаш Торино вчера биле во Германија да разговараат за трансфер на македонскиот репрезентативец.
Елмас играше за Торино изминатата полусезона, но како позајмен од Лајпциг. Според италијанските медиуми, и Елмас приоритет му е да игра за Торино, иако за него има интерес и од други клубови од Серија А, но и од други земји. Затоа, Биковите од Торино мора брзо да реагираат и да го врзат Елиф за да ја победат конкуренцијата.